Повеќе од едно на десет деца на возраст од 12 и 13 години снимиле или биле дел од снимање на сексуално експлицитни видеа, се наведува во најновото истражување.
Едно од десет деца е зависник од порнографија, се наведува во анкетата, која била спроведена на примерок од 700 деца од Националното здружение за спречување на злоупотребата на децата во Велика Британија.
Дваесет отсто од испитаниците изјавиле дека виделе порнографски слики, кои ги шокирале или вознемириле. Основачот на „ChilfLine-a“ Естер Ранцен изјави дека со овој сервис контактирале и деца од 11 години, кои изразувале загриженост заради порнографијата.
– Младите луѓе се свртуваат кон интернет за да научат за сексот и врските. Знаеме дека често наидуваат на порнографија, во многу случаи ненамерно и тие јасно ни зборуваа дека тоа има вознемирувачки ефект врз нив. Девојчињата посебно нагласуваат дека чувствуваат дека мораат да изгледаат и да се однесуваат како порно ѕвездите за да им се допаднат на момчињата. Мораме да разговараме со младите луѓе за сексот, љубовта, почитувањето и согласноста кога се подготвени за сексуални односи, да бидеме сигурни дека добиваат правилна претставата за врските во вистинскиот живот и фантазијата во светот на порнографијата, вели Ранцен.
Директорот на „ChildLine-a“, Петер Ливер изјави дека децата кои им се обратиле им кажале дека гледањето порнографија ги прави депресивни, оти имаат проблеми со претставата за изгледот на телото и притисокот да се впуштат во сексуални активности за кои не се подготвени.