Родителите имаат голем број важни задачи во воспитувањето на детето, а една од нив е да ги научат децата да бидат самоуверени, храбри и среќни.
Родителите на децата треба да им помогнат да не се плашат од пораз, да ги научат да го прифатат, да им помогнат од поразот да научат нешто и од таа ситуација да излезат посилни и да пронајдат инспирација и успех.
Можеби ви звучи чудно, но секој кој на својот животен пат грешел, знае дека неуспехот е најдобар животен учител.
За почеток научете го детето да не се обесхрабрува кога во училиштето ќе даде погрешен одговор. На тој начин ќе го научи вистинскиот одговор и значењето на грешките. Покажете му како да ги сфати своите грешки и на нив да гледа како на нешто што може да води кон успех, наместои да го следи чувството на неспособност.
Доколку тоа досега не сте го правеле почнете, никогаш не е доцна.
Етикети
Немојте на детето да му ставате етикети. „Уметник“ или „математичар“ се етикети. Тоа е лесно да се направи, но не е пожелно. Појаснете му на детето дека до одредени етикети се доаѓа со голем труд и постојано вежбање.
Ценето го трудот, а не резултатот
Доколку детето не оствари најдобар резултат, немојте да притискате. Избегнувајте да го притискате да биде побрзо и се да прави совршено. Тоа се најголемите непријатели на учењето.
Причина и последица
Утврдете ги заедно со детето причините поради кои дошло до неуспехот. И кога во нешто нема да успее, па дури и кога ќе биде брилијантно во нешто, не се фокусирајте на резултатите, туку разговарајте за тоа како течеле подготовките, кои методи на учење ги користело и колку труд вложило.
Самодоверба
Помалку грижете се заштита на самодовербата на детето и дајте му искрени одговори и мислења. Бодрете го да се труди повеќе и да работи подобро за да постигне одреден резултат, така што самодовербата сама по себе ќе се гради.
Стратегија
Кога вашето дете е соочено со прашањето за неуспех, прашајте го што следниот пат ќе стори за резулатот да биде подобар. Поради ова прашање детето ќе се потруди да осмисли стратегија, која следнот пат ќе го доведе до подобри резултати.
Предизвик
Осмислете некоја активност за вас и вашето дете. Гледајте што прави, сфатете каде греши и појаснете му како задачата да ја изврши на полесен и поуспешен начин.
На сето ова научете се и себе си
Истите мисли всадете си ги и себе си. Ова е најтешко, но доколку вие се однесувате така, полесно се ќе му пренесете на детето. Тоа веројатно е и најважната работа, која треба да ја направите за да го научите детето да прифаќа пораз.