Се зголеми продажбата на романот на Виктор Иго по пожарот во Нотр Дам

Од:

Најголемата светска интернет продавница Амазон соопшти дека се зголемила продажбата на романот „Богородичната црква во Париз“ на францускиот писател Виктор Иго во оригинална верзија на француски јазик, по пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз.

Амазон додаде дека е зголемена продажбата и на англиската верзија на романот од 1831 година.

Приказната за физички деформираниот ѕвонар Квазимодо во катедралата помогнала тогаш во реновирањето на црквата во центарот на Париз, која пред два дена ја зафати огромен пожар.

Средновековната катедрала во готски стил, Нотр Дам е една од најпознатите во западниот дел на Европа. Таа се наоѓа на списокот на светско културно наследство на УНЕСКО и секоја година ја посетуваат речиси 14 милиони туристи и католички верници.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова не замина на отворањето на Нотр Дам во Париз поради дефект на владиниот авион

Макрон утре ќе го прими Трамп, а потоа и Зеленски пред отворањето на Нотр Дам

А1он

Нотр Дам повторно отворен за посетители – пет години по големиот пожар

А1он

Завршени градежните зафати врз катедралата Нотр-Дам, за некој месец почнува реставрацијата

A1on

Катедралата Нотр Дам ќе биде отворена во 2024 година

Концерт на Бадник во Нотр Дам

Ана Ололовска