По двојникот на Новак Ѓоковиќ, фудбалерот Ненад Чокован, се појави и двојникот на Роџер Федерер, 18-годишниот Матија Матовиќ од Краљево.
„Кога имав 10, 11 години една постара другарка ми рече дека сум ист како Федерер. Потоа и луѓето почнаа да ме споредуваат со славниот тенисер. Тоа не може да донесе ништо лошо, но сепак јас сакам да се обидам како актер“, рече Матија.
Инаку Матија и Ненад, односно „Федерер и Ѓоковиќ“ се запознаа пред неколку дена и веднаш станаа пријатели.
„Се знаеме три дена, но како да се познаваме сто години. Веднаш станавме пријатели и одлично се согласуваме“, вели Матеја, кој гледа тенис само кога играат Ѓоковиќ и Федерер, но навива за Србинот.