„Двојници“ на Ким Џонг-ун и Родриго Дутерте прекинаа миса во Хонг Конг

Од:

Двојник на филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска присуствуваше на миса во филипинска црква во Хонг Конг, што предизвика извесна доза ентузијазам меѓу верниците, но и збунетост.

Филипинскиот глумец дојде во црквата во бела кошула каква што обично носи Дутерте, а заедно со него беше и двојникот на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, кој на јавноста ѝ е познат како Хауард Екс.

За време на мисата, многу од верници не можеа да ја задржат смеата, оти го препознале глумецот-двојник на филипинскиот претседател. А, некои пак, се посомневаа дека тоа навистина е Дутерте.

Една жена, пак, го критикувала имитаторот дека е „невоспитан што дошол во црквата и направил сцена”, и дека тоа воопшто не личи на „нашиот претседател“.

Во Хонг Конг живеат околу 200.000 Филипинци, главно жени што работат како куќни помошнички.