Се одложува промоцијата на електричниот камион на „Тесла“

Од:

Промоцијата на електричниот камион на Тесла, која првично беше закажана за 26. октомври, е поместена за 16. ноември, објави на Твитер првиот човек на компанијата, Илон Маск.

До одлагањето дојде, за „Тесла“ да може да се посвети на промоција на новиот Модел 3, кој се уште не го достигна планираното ниво.

Најавите говорат дека првиот електричен камион на „Тесла“ ќе има автономија на возење помеѓу 320 и 480 километри и дека ќе биде наменет претежно за кус регионален превоз на товар, на растојанија од 160 до 320 километри. Тоа всушност претставува околу 30 отсто од вкупниот камионски сообраќај во САД.

Компанијата во август соопшти дека се во план првите тестирања на автономно возење на новиот електричен камион на патиштата во американските сојузни држави Невада и Калифорнија.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Мажот кој загина во запалената „Тесла“ има прострелна рана во главата

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

ВИДЕО: Пожар избувна во фабриката Тесла во Калифорнија

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on