Се обидел да ограби бензика пумпа, па му плачел на рамото на продавачот

Од:

Во германскиот град Олденбург, еден маж се обидел да ограби бензинската пумпа заканувајќи му се на продавачот со нож, јави MSNNow. Продавачот не се уплашил и земал палка за да го избрка крадецот.

Двајцата мажи почнале физичка пресметка, при што на ограбувачот му паднал ножот од рака и заработил неколку удари со палката.

И потоа дојде до пресврт. Ограбувачот престанал да дава отпор и наеднаш почнал да плаче на рамото на продавачот. Потоа седнал на страна и мирно го чекал доаѓањето на полицијата, а продавачот во еден момент му дал хартиено марамче, за ограбувачот – покајник да си ги избрише солзите.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски