Се намалува бројот на болни од туберкулоза

Од:

Во последните 10 години во континуитет има постојано намалување на вкупниот број болни од туберкулоза. Во 2012 година во Македонија се регистрирани 355 случаи со туберкулоза, а во 2002 година тој број изнесуваше 730 случаи. Се бележи и намалување на процентот на заболени деца, минатата година се откриени 29 случаи.

Ова денеска го истакна директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Билјана Илиевска Поповска на прес-конференција што ја оргабнизираше Националниот координативен механизам по повод 24 Март, Светски ден на туберкулозата, кој Светската здравствена организација оваа година го одбележува под мотото „Запрете ја туберкулозата во мојот животен век“.

Таа посочи дека вакцината е заштитна мерка за детската туберкулоза во околу 80 отсто до случаите, што значи, како што рече, 20 проценти од вакцинираните деца можат да заболат. Заболуваат, појасни Илиевска Поповска, оние деца кои имаат слаб имунитет и кои во семејството живеат со некој постар кој е заболен од туберкулоза.

– Во Македонија се применуваат најновите стандарди за дијагностицирање, лекување и превенирање на туберкулозата според препораките на СЗО и други светски институции кои се инкорпорирани во Националната програма за контрола на туберкулозата. Минатата година е намален и бројот на луѓето кои повторно се раболуваат од туберкулоза и нивниот број првпат се симнува под 10 проценти за разлика од претходните години, рече Илиевска Поповска.

Потенцира дека значително е подобрена бактериолошката потврденост на болните, што е важен момент бидејќи е фактор кој овозможува адекватно лекување на овие болни.

– Во последната година бројот на болни од туберкулоза кај вулнерабилните групи бележи тренд на намалување. Минатата година во затворите е откриен само еден случај, во психијатриските болници три случаи, а кај ромската популација се бележи намалување на бројот на болни. Во последните четири пет години не е регистриран случај кој истовремено има ХИВ инфекција и туберкулоза. Од 2000 година до денес во Македонија се регистрирани пет вакви случаи, истакна Илиевска Поповска.

Бројот на резистентни слоеви на туберкулозни бактерии може да биде варијабилен, така што, укажа таа, минатата година бележиме лесно зголемување во однос на 2011 година, што е очекувано. Истакна дека бројот резистентни слоеви изнесува 16 од кои само четири случаи се со мултирезистентна форма на туберкулоза.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска