Одгледуваме генерации, кои мора да се соочуваат со многу опасности, почнувајќи од средби со деца, кои им ја земаат ужинката во училишниот двор, возачи кои не гi почитуваат сообраќајните знаци, до такви кои нудат дроги… Сепак претераната родителска грижа не е добра за самодовербата на детето.
Мајчинството и грижата се поими, кои отсекогаш оделе еден со друг. Едноставно, станува збор за вроден, инстиктивен начин на грижа за детето. Жените се свесни за опасносите кои деменеат од сите страни и се обидуваат да ги заштитат своите деца, колку што е можно тоа.
Кога детето ќе тргне на училиште, речиси и да нема мајка, која не го носи до училиштето. Доколку некој не праша зошто го правиме тоа, веројатно секоја мајка би рекла: „Што е сигурно е сигурно. Всушност слушнав дека минатата година некое дете на тој пешачки премин настрада!“
Грижата е потребна, но како и се останато мора да биде умеренa и оправдана. Точно е дека секојдневно на телевизија можеме да слушнеме различни возменирувачки вести, но тоа не значи дека тие треба да станат дел од нашето секојдневие.
Кога стравот е прекумерен?
Прекумерната загриженост и страв од несакани настани мошне често имаат лоши последици, како за родителите, така и за децата. Родителите, кои безпричински бдеат над своите деца, мислејќи дека на тој начин ќе спречат да не им се случи нешто лошо, често пати создаваат негативно расположение, кое децата го преземаат од нив.
На пример, мајката, која се плаши од вода, бидејќи имала негативно искуство во детството, му забранува на своето дете да оди на базен или да си игра на плажа, иако детето покажува интересирање на таков вид на активности. Мајката притоа заборава на благодетите, кои ги нуди водата, а мисли само на опасностите.
Од друга страна исто така не треба детето со сила да го тера да влезе во вода, доколку тоа не сака. Особено е лошо доколу родителите поради тоа му се исмеваат.
Вистинското решение се наоѓа некаде меѓу двете крајности и секогаш е поделотворно од наметнување на ставови, кои се спротивни на желбите на детето.