Се е подготвено за четиридневната фестивалска забава „Пивофест 2015“

Од:

Со настапот на групата „Љубојна“ на големата сцена во центарот на Прилеп вечер од 20 часот и официјално ќе започне 13-то издание на „Пивофест 2015“.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, најавува многу забава за посетителите од земјава и од странство, во наредните четири фестивалски денови и со, меѓу другото 30 – тина штандови поставени во центарот на градот.

За сите четири фестивалски дена, според градоначалникот на Прилеп Ристески, се очекуваат преку 300 илјади посетители.

– Очекуваме, само првата вечер за отворањето околу 90 илјади посетители. Стартот ќе го означат пивото, желбата за добро сите да се чувствуваат на фестивалот и настапите на првите музички гости: Љубојна, Слаткаристика, Саша Ковачевиќ. Ќе има музика за сите вкусови. На располагање ќе биде и алтернативната, камената бина. Познати ди- џеи од Македонија ќе ги забавуваат гостите, изјави за МИА, Ристески.

Градоначалникот Ристески нагласи дека  за сите фестивалски денови
за посетителите и гостите на располагање се 20 илјади паркинг места. Според него, сместувачките капацитети се полни и се бара место повеќе во соседниоте градови. Веќе има најавени и организирани туристички посети од Бугарија, Србија, Хрватска, од Грција и од Албанија.

Инаку, Македонски железници и годинава нудат вонредни возови за „Пивофест“.

– „Пивофест“ е бренд на Прилеп. Ја зголеми повеќекратно туристичката понуда на градот и е препознатлив во светот. Деновиве пристигнаа многу гости од сите страни, а освен посетата на фестивалот, им нудиме и разгледување на културното богатство на Прилеп. Голем ќе биде и економскиот бенефит не само за Прилеп, туку и за целиот регион. Угостителите и трговците за овие четири дена имаат продолжено работно време. „Пивофест“ е прилепска и македонска атракција, вели Ристески.

Денеска во киното „Мис стон“ се одржа и прес-конференција на која градоначалникот Марјан Ристески, невладината центар за граѓански иницијативи и водителите на фестивалската програма Маријана и Жаре меѓу другото најавија дека на фестивалот же се дегустираат и повеќе од 40 видови пиво.

Би можело да ве интересира

Прилепски „Пивофест“ од 18 до 21 јули

Ана Ололовска

Пиволенд прераснува во „Skopje beer fest“

Ана Ололовска

Прилеп подготвен за вечерното отворање на „Пивофест“

Ана Ололовска

Почнаа подготовките за „Пивофест 2018“

Ана Ололовска

Заврши 15. „Пивофест“ во Прилеп

Ана Ололовска

Последна вечер на „Пивофест“ во Прилеп

Наум Локоски