Прилеп подготвен за вечерното отворање на „Пивофест“

Прилеп е подготвен за вечерашното отворање на 16-иот по ред „Пивофест“. Штандовите на пиварниците и на скарите се наместени во центарот на Прилеп, на булеварот „Гоце Делчев“, организаторите, компанијата „Инфинити“, локалните власти и инстгитруциите ги завршија сите подготовки за четиридневната летна манифестација.

Според Дарко Манасиески од компанијата-организатор „Инфинити“ се очекуваат илјадници посетители од земјава и од Балканот.

– Се е подготвено и наредните четири дена ќе имаме сигурна, добро организирана летна манифестација препознатлива на овие простори веќе 15 години. Ќе понудиме добра забава и гостувања на голем број музички ѕвезди од Македонија и од Балканот. Веќе имаме и 70-ина кампери во кампот во Паркот на револуцијата, сместувачките капацитети се полни и може да го отвориме Фестивалот, вели Манасиески.

За градоначалникто на Прилеп Илија Јованоски е важно што градот на посетителите ќе им понуди сигурност, добра забава, туристичка атрактивност и убави моменти овие четири фестивалски дена до недела.

– Ги поканувам гостите да уживаат и „со усул“ да пијат и да јадат и добро да се забавуваат, а Прилеп нуди и многу туристички привлечни дестинации, вели Јованоски, нагласувајќи дека сите институции и јавните претпријатија се подготвени и ги презедоа активностите за безбедно одвивање на Фестивалот по кој градот е препознатлив.

Штандовите се поставени на булеварот „Гоце Делчев“ на околу 4000 метри квадратни. На Фестивалот ќе се нудат атракции, а денеска беше промовиран и познатиот „Пивски велосипед“. Пиварниците и скараџиите ги очекуваат гостите од цела Македонија и од странство да им понудат гостопримство, добра голтка ладен пенлив пијалак и вкусна скара по која Прилеп е познат.

Вечер е големото Фестивалско отворање. Фестивалот ќе го отворат Дани, Тони Зен и Кирил Џајковски. Наредните три дена, меѓу другите ќе настапат и групите „Црвена јабука“, „Ван Гог“, Жељко Јоксимовиќ и в недела, фолк ѕвездата Шабан Шаулиќ.

Би можело да ве интересира

Прилепски „Пивофест“ од 18 до 21 јули

Ана Ололовска

Пиволенд прераснува во „Skopje beer fest“

Ана Ололовска

Почнаа подготовките за „Пивофест 2018“

Ана Ололовска

Заврши 15. „Пивофест“ во Прилеп

Ана Ололовска

Последна вечер на „Пивофест“ во Прилеп

Наум Локоски

Трет ден „Пивофест“ во Прилеп

Наум Локоски