Последна вечер на „Пивофест“ во Прилеп

Од:

На последната фестивалска вечер на прилепскиот „Пивофест“ организаторите очекуваат уште поголема посетеност.

Манифестацијата се одвива весело и без проблеми, посочија на денешната прес-конференција, организатоите прилепската локална самоуправа и невладиниот Центар за граѓанска иницијатива.

Според прилепскиот градоначалник Марјан Ристески сите патишта деновиве водат кон Прилеп и „Пивофест“.

– Поминаа три незаборавни вечери на Фестивалот, имаше многу позитивна енергија и дружење, многу испиено пиво, изедена скара и се она што со себе го носи „Пивофестот“. Имаме луѓе дојдени тука од сите страни. Сите патишта од Македонија деновиве водат во Прилеп. Очекуваме забавата да кулминира вечер со настапот на главната ѕвезда Северина, рече Ристески.

Синоќа на фестивалот за веселата забава и бројните гости се погрижија музичките ѕвезди Елена Велеска, Анабела и Харис Џиновиќ.

Вечер настапуваат Димитар Андоновски со Тајфата, Џамбо Агушеви оркестар и балканската мега ѕвезда Северина, која по втор пат гостува на овој Фестивал.

Фестивалската комисија задолжена за селекција на селфи фотографиите кои изминативе денови публиката ги испраќаше на „Фејсбук“ страницата „Pivofestival.mk“ веќе ја одбра победничката фотографија која ќе биде соопштена вечер, а победникот ќе ја понесе големата маскота –мајмунот.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он