Се дополнува актерската екипа на најскапиот филм на Нетфликс

Од:

Ѕвездата на хит-серијата „Бриџертон“, Англичанецот Реге-Жан Пејџ ѝ се приклучи на екипата на филмот „Сивиот човек“, којшто се очекува да биде најскапиот филм, кога било досега, на стрим-платформата Нетфликс.

Пејџ ќе се појави заедно со Рајан Гослинг и Крис Еванс. Сè уште не е познато каква улога ќе има Пејџ во филмот – заснован на истоимениот роман на Марк Грини од 2009 година.

Во овој шпионски трилер на браќата Ентони и Џо Русо како сценаристи и режисери, глумат и оскаровецот Били Боб Торнтон, Алфре Вудард, Ана де Армас, Џесика Хенвик и Џулија Батерс.

Филмот е во претпродукција.

Би можело да ве интересира

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Вистинската приказна од серијата The Breakthrough: Грозоморното злосторство што ја шокираше Шведска

Катерина Ѓуровски

Squid Game 2 за само 11 дена има 126 милиони прегледи

А1он

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

Ким Кардашијан ги брани браќата Менендез

Поддржувачите на Трамп масовно го откажуваат Нетфликс