Сандра Петрова жетварска убавица на Кочани за 2016 година

Од:

Во рамки на манифестација „Кочански денови на оризот“ синоќа во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржа традиционалниот избор на жетварска убавица на градот Кочани за 2016 година, која утре на оризовите полиња кај село Грдовци ќе го зажнее првиот оризов клас со срп.

Во конкуренција на петнаесет девојки тутулата жетварска убавица и припадна на Сандра Петрова, ученичка во четврта година во СОУ„Ѓошо Викентиев“ во Кочани, додека нејзини придружнички се Јована Михаилова и Тања Серафимова. Потоа со целовечерен концерт настапи групата „Теди лајон селкшн“ од Пореч, Република Хрватска.

Инаку централната манифестација во рамките на „Кочанските денови на оризот“ ќе се одржи утре на оризовите полиња на Институтот за ориз кај село Грдовци, каде што пред присутните гости и посетители членовите на Здружението на пензионери од Кочани ќе покажат рачна жетва на ориз со срп, како и вршидба на гумно со ѕевгар добиток.

Синоќа гостите на манифестацијата фолклорните ансамбли од Бугарија, Романија, Украина, Хрватска и од Македонија настапија со целовечерни концерти во општините Македонска Каменица и Зрновци.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена