Само уште Македонија од поранешна Југославија има шанси за финале на Евровизија

Од:

Првата полуфинална вечер на 58-то натпреварување за најдобра песна во Европа во шведскиот град Малме им донесе пласман во финалето на претставниците од Молдавија, Литванија, Ирска, Естонија, Белорусија, Данска, Русија, Белгија, Украина и Холандија.

Босна и Херцеговина оваа година нема претставник на Евровизија, а жребот одлучи сите натпреварувачи од поранешна Југославија да настапат во истата вечер, освен Македонија која в четврток ќе биде претставена од Есма Реџепова и Влатко Лозановски.

Само уште Македонија, од земјите од поранешна Југославија, има шанси за настап во финалето во сабота на 18 мај.

Пред полуфиналето и на обложувалниците песните на овие земји лошо котираа, а фаворит на обложувалниците беше претставничката од Данска, Емили де Форест, која синоќа го оправда тој статус.

Гласањето оваа година се одвива на следниот начин: прво жирито од секоја земја рангира песни од прво до последно место, а потоа публиката гласа за своите фаворити. Со собирањето на тие гласови во однос 50%-50% се добива вкупниот збир гласови од таа држава.

Во финалето секоја година директно се пласираат претставниците од „петте големи“- Франција, Шпанија, Германија, Велика Британија и Италија, а со нив оваа година и Шведска, како домаќин и победник на минатогодишното натпреварување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холанѓанецот под истрага на ЕБУ зошто удрил член на израелската делегација на Евровизија

Предраг Петровиќ

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ