Сакам да сакам: Десет „кул“ факти за љубовта

Од:

Состојбата на заљубување многумина ја опишуваат како појава на пеперутки во стомакот, но и нешто најубаво што некогаш воопшто го имаат искусено. Воопшто не е мал бројот на оние кои мислат дека љубовта им ја дава смислата на животот.

Ниту една романтична приказна не е иста, но постојат неколку работи што треба да се знаат за ова возвишено чувство.

1. Зборот љубов доаѓа од санскритскиот термин lubhyati, а значи желба односно страст.

2. Бурмата или вереничкиот прстен обично се носат на прстот до малиот прст, а обичајот потекнува од стара Грција. Се верува дека ова е идеалната локација за прстенот бидејќи тука поминува вената која води директно до срцето.

3. Кога ќе се заљуби човек му се активираат функциите на предниот дел на мозокот и големиот мозокот (дел од мозокот одговорен за креативност и решавање на проблеми), па во телото се зголемува нивото на допамин. Ова е „насилна“ хемиска реакција и таа го зголемува чувството на зависност, еквивалентна на зависноста на пример од кокаин. Затоа и љубовта може да се спореди со еден вид убава дрога.

4. Од античките времиња, симол на љубовта и сексуалната желба е јаболкото. Античките Келти верувале дека ова овошје е вистинска љубов, токму поради неговата способност да остане цврсто и неизгниено многу долго откако ќе биде скинато од дрвото.

5. Кој ќе пронајде детелина со четири листа се смета за вистински среќник. Во некои делови на Ирска, ако една жена изеде ваква детелина и помисли на човекот што и се допаѓа, постојат големи шанси и тој да се вљуби во неа.

6. Некои психолози сметаат дека се заљубуваме во оние кои најмногу личат на родителот со кого имаме некои нерешени прашања и односи. На овој начин потсвеста се надева да го реши проблемот.

7. Момче и девојка кои се запознале во опасна ситуација, имаат многу поголема веројатност да се заљубат силно, отколку во некоја друга ситација која не ги исполнува условите да го зголеми нивото на адреналин во крвта.

8. Во Кина и Јапонија јаворовиот лист преставува симбол на љубовта, додека пак формата на тој лист била многу често врежувана на креветите на доселениците. Се верувало дека знакот обезбедува мирен сон и брачно задоволство.

9. Научно е докажано дека првиот наплив на љубовта треа околу година дена. Мозокот едноставно не е способен повеќе да го одржува тоа чувство. Затоа, ако сакате вашата љубов да преживее и да не исчезне пребрзо, експертите советуваат со партнерот да се прават некои интересни и возбудливи активности заедно.

10. Жената се чувствува сакана додека разговара со својот партнер и го гледа во очи, додека пак мажот истот ова доживување го чувствува додека седи до својата сакана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицаец јавно се посрамоти, имал секс со љубовницата во службениот автомобил

А1он

Истражувања: Германците имале подобар секс во време на пандемијата

Ана Ололовска

Веганите имаат двојно повеќе секс од месојадите

Ана Ололовска

В. Британија: Раст на продажбата на машки секс-кукли

Ана Ололовска

Бакнувањето и сексот како лек

Ана Ололовска

Порното е опасно по здравјето

Ана Ололовска