САД: Деветгодишно дете успеа да го убеди градот да ја укине забраната за мавање со снежни топки

Од:

Деветгодишно дете од градот Севернас, во американската сојузна држава Колорадо, успеа да го „омекне“ градскиот совет и тој укина речиси стогодишна забрана за мавање со снежни топки.

Дејн Бест објасни дека им се обратил на градските власти за да ги убеди да се вразумат и да го сменат законот, јавија локалните медиуми.

– Денешните деца мора да имаат добра причина за да излезат и да играат надвор, рече Бест на состанокот на градскиот совет.

– Истражувањата велат дека недостигот на игри на отворено доведува до дебелина, АДХД (синдром на недостаток на внимание и хиперактивност), анксиозност и депресија, истакна деветгодишникот објаснувајќи дека „сака да фрла снежни топки без да го прекрши законот“.

Речиси стогодишната забрана за фрлање камења или проектили, која, за жал, се однесувала и на снежни топки во градот од 4.000 жители, е застарена и значи дека секое дете што фрла снежна топка го крши законот.

– Децата на Северанс само сакаат да имаат право да се маваат со снежни топки како и сите други деца во светот, рече Дејн.

Неговите аргументи беа убедливи, па Градскиот совет едногласно ја укина забраната. По гласањето, градоначалникот му понудил на Дејн тој да ја фрли првата снежна топка – според закон.

Детето рече дека неговата омилена цел ќе биде неговиот помал брат и оти ќе даде се од себе да не скрши некој прозорец.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија