Актерката Роуз Мекгован ги обвини актерите и актерките за лажирање на протестот за сексуално вознемирување, носејќи црно на церемонијата на доделување на Златните глобуси.
Мекгован, која го обвини Харви Вајнстеин за силување, ги критикуваше славните личности за лажна солидарност.
– Доколку некои од тие што вчера носеа црно за да изразат почит за нашите силувања помрднеше со прст немаше да дојде до тоа. Немам време за лажната солидарност на Холивуд, напиша Мекгован на Твитер.
Таа реагираше уште во декември, кога започна да се подготвува иницијатива за носење на црни фустани и ја обвини Мерил Стрип за лицемерие бидејќи таа му беше соработник на Вајнстеин. Стрип се брани дека таа не знаела ништо за неговото криминално однесување.