Романија ја проширува мрежата за пристап до Интернет со над 57 милиони евра од ЕУ

Од:

Европската комисија одобри финансиски средства во износ од над 57 милиони евра од европскиот фонд за регионален развој за проширување на националната мрежа за Интернет пристапот во Романија, соопшти Министерството за информатичко општество.

Вкупната вредност на проектот е 85,6 милиони евра, а неповратната европска помош изнесува 57,1 милион евра.

Проектот предвидува обезбедување на пристап до Интернет во 782 од вкупно 2.268 населени места во Романија, кои не се поврзани со глобалната мрежа. Со тоа пристап до Интернет ќе добијат околу 400 илјади лица, 8.500 компании и 2.800 јавни институции.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година