Романија: Единствена црква од мраз

Од:

На височина од две илјади метри на романската планина Фагараш е изградена црква од мраз, до која може да се дојде со жичарница.

Структурата е висока шест, а долга 14 метри и е копија на стара црква во Трансилванија.

Блоковите од мраз се земени од езерото Балеа, а по осветувањето се искористени за изградба на црквата.

Градбата се прави секоја зима изминатите неколку години и се користи за крштевање и венчавки. Во неа е прикажана тајната вечера изрезбана во мраз, а на покривот има традиционална форма на крст.

Минатата недела верниците присуствувале на службата, која во оваа црква ја одржале православни, католички и протестантски свештеници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он