Родителски вештини: Учеството на татковци во одгледувањето на децата

Од:

Дали се менува традиционалната поделба на улогите, каде мајката е главен родител, а таткото презема помал дел од обврските во одгледувањето на детето и другите секојдневни семејни обврски?

Иако  се уште има препреки постојат многу начини на кои мајките и татковците можат рамноправно да ги поделата предизвиците на одгледувањето на децата и да бидат успешни родители.

Родителски вештини

И татковците и мајките еднакво се способни и сакаат да научат да се грижат за децата. Но, сепак, мајката најчесто од првите денови на детскиот живот ја преземаат улогата на главен родител. Кога мајката ги одгледува децата, со текот на времето презема се повеќе обврски околу децата, додека татковците во таа ситуација се чувстуваат изоставени и помалку вклучени во родителските задачи.

Тоа што дополнително ја отежнува ситуацијата, како за мајките, така и за татковците, се условите за работа и работното време, кое не одговара на потребите на децата. И мажите, како и жените, често се сретнуваат со застој во кариерата, доколку се одлучат на родителството.

Рамнотежа меѓу семејство и работа

Тешкотиите со организација на деловниот и приватниот живот повеќе не се резервирани само за жената. Вработените татковци и вработените мајки имаат иста грижа кога станува збор за изнаоѓање рамнотежа меѓу личниот живот и работата. Освен што поголем дел се согласуваат дека исполнувањето на семејните потреби се поголеми предизвици од кариерата, а повеќе од половина вработени татковци сметаат дека работодавците треба да овозможат подобра рамнотежа меѓу личниот живот и работата.

Татковците во последно време се почесто ги презмеаат семејните одговорности, а во многу земји има пораст на бројот на татковци кои одат на породилно отсуство. Тоа овозможува поголема вклученост на татковците во семејниот живот и балансирана присутност на двата родители на пазарот на трудот. Сепак користењето на тие мерки е поврзано со приодот на мајката и таткото, при што родител со поголеми приходи го прекинува породилното боледување, независно од желбата на брачниот партнер за останување со детето.

Татко на породилно отстуство

Не е доволно само да се промени ставот и размислувањето на мажот кон родителството и породилното отстуство, ако за тоа не постои поддршка на работно место и во општеството. Татковците во поголема мерка се информирани за нивните права на користење на породилно боледување и свесни се за значењето што го има неговото користење за вклучување во одгледувањето на детето.

Сепак иако повеќе од 80 отсто од испитаниците мажи го поддржале одењето на татковците на породилно, истражувањето откри  и дека таквиот потег носи многу негативни последици за мажите. Пред се, финансиската несигурност, затоа што мажито во начело се уште заработуваат повеќе од жената, а надоместот, кој го прима во текот на отстуството е многу понизок. Освен финансиската страна, мажите се сретнуваат и со многу негативни рекации од околината.

Флексибилност на работното време

Со оглед на тоа што татковците и мајките се почесто ги делат семејните обврски работодавците би требало да обезбедат поддршка за двете групи вработени. Рамнотежа меѓу работниот и семејниот живот  е проблем, кој го опфаќа целото семејство и може да влијае на доброто на детето на вработените родители.

Исто така, жените се уште во поголема мерка се соочуваат со тешкотии околу воспоставување на рамнотежа во животот, имајќи предвид дека преземаат поголем дел од работата и одговорностите во врска со семејниот живот, што вклучува грижа, одгледување на детето и грижа за домаќинството.

Вработените мајки се соочуваат со големи тешкотии и при враќањето од работа по породилното. За воспоставување на рамнотежа меѓу семејство и  работа, тактовците, а посебно мајките, кои се уште на себе го презмеаат поголемиот дел на грижата за децата и семејството, многу би помогнала поголемата флексибилност на работното време кое, за жал, останува недостижно во поголем број компании.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска