Родителски маки: Тајниот живот на тинејџерите

Од:

Времето кога детето имало потреба да сподели со вас се што ќе му се случи завршува со влегувањето во пубертет. Одеднаш не ви дозволува да гледате преку неговото рамо додека е на Интернет, а девојчињата пишуваат тајни пораки или дневници, кои ги кријат под перница.

Желбата за приватност се зголемува, тинејџерите се заклучуваат подолго во бањата, се кријат од родителите додека се пресоблекуваат…Меѓу вашите потреби да ги конролирате адолесцентите и нивната слобода, важно е да се направи баланс. Затоа важно е детето да има своја соба, свој свет, каде ќе може да пушта „гласна“ музика и со часови да стои пред огледалото. Тинејџерите сакаат да ја заклучуваат вратата или родителот да им вети дека ќе тропне на вратата пред да влезе.

Возрасните треба да ги почитуваат тие барања, а многу поголем проблем од заклучувањето на врата на собата денес е опасност од социјалните мрежи, па би требало да му се објасни на детето дека објавувањето и „делењето“ фотографии и податоци за себе и домашните, како и допишувањето со непознати, може да биде многу опасно.

Замолете го вашето дете да ви се довери, но не очекувајте се да ви раскаже. Речете му дека сте загрижени кога тоа е нерасположено, па затоа сакате да имате увид како го поминало денот или дали има проблеми во училиштето, со другарчињата. Бидете добар слушател и дозволете му да ви „ја отвори душата“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска