Родителска интуиција

Од:

Кога ќе добиете бебе треба првенствено да го слушате својот внатрешен глас, а не само она што другите ви го зборуваат, тврдат експертите.

Педијатарот Лиза Тебнер вели дека голем број родители прават грешки, бидејќи не му веруваат на својот инстинкт, туку толку се плашат дека некаде ќе згрешат, така што почнуваат повеќе да им веруваат дури и на соседите.

– Кога ќе добиете премногу информации од пријателите и луѓето околу вас, тоа може да ви направи проблем. Ако едноставно не си верувате себе си, може да се случи да го загрозите своето бебе бидејќи правите едно, а би требало да правите нешто сосема друго. Познавам родители кои чувствувале дека детето им е болно, но сите им велеа дека ништо не му фали, нагласува Тебнер.

Педијатарот го наведува примерот на мајката, која имала чувство дека нешто не е во ред со нејзиното бебе, кое било нервозно, но не се осудувала да го одведе на лекар, бидејќи околината цело време ја разубедувала во тоа.

Поради тоа е важно родителите да ја слушаат интуицијата, особено мајките.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска