Родителите во Сараево ќе одлучувааѕ дали се „за“ или „против“ Дедо Мраз

Од:

Граѓаните на Сараево ќе одлучат дали Дедо Мраз ќе ги посети децата во градинките на прославата на Нова година.

Вршителот на должност на јавната институција „Децата на Сараево“, Јасмина Чонго изјави дека новогодишната свеченост ќе биде одржана во 30 градинки, а воспитувачите ќе ја изберат содржината и темата соодветна за детската возраст.

– За доаѓање на Дедо Мраз воспитувачите ќе се договорат со родителите на состанок што ќе се одржи на 26 декември во сите градинки. Родителите ќе пополнат анкета, а одлуката ќе биде донесена зависно од националната структура на родителите и нивната определеност за присуство на детето на претставата на која ќе се делат пакетчиња, посочи Чонго.

Дедо Мраз во одделни институции во Сараево е непожелен гостин од 2008 година, кога беше избркан од една градинка од страна на воспитувачките.

Во 2010 година дури и Исламската заедница во Босна и Херцеговина издаде фетва во која се наведува дека Дедо Мраз не е познат и признат во традицијата на Бошњаците.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

ВИДЕО: Скопје како воена зона, за Тошковски на Нова година било мирно

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот ја дочека 2025, спектакуларни огномети во Париз, Лондон, Дубаи, Њујорк

Катерина Ѓуровски

Жителите на Самоа и Кирибати веќе ја дочекаа Новата 2025 година