Родителите на дебелите деца често не ги сметаат своите деца за нездрави а и не ги препознаваат штетните последици од преголемата тежина и неактивност, покажа новото истражување. Децата на семејства кои учествувале во истражувањето оделе во клиника за дебелина во Детската болница во Хасбро во Провиденс.
„Третина родители здравјето на своите деца го оценија како одлично или многу добро” – рече др. Кјанг Рее, која го спровела истражувањето за веб MD. Таа истражила над 200 семејства за да ја оцени подготвеноста на семејствата да помогнат на децата да ги намалат килограмите. Открила дека 28 отсто родители на дебели деца нивната преголема тежина не ја сметаат за загрижувачка. Меѓутоа, научниците имаат докази дека детската дебелина има низа краткорочнми и долгорочни последици за здравјето, вклучувајќи го и ризикот од срцеви болести и дијабетис тип 2.
Родителите, за да помогнат, биле склони да ги променат прехранбените навики на своите деца, отколку да им го зголемат нивото на активност. 61 отсто рекле дека настојуваат да го подобрат квалитетот на исхраната на нивните деца, но само 41 отсто се обидуваат да им помогнат поттикнувајќи ги на повеќе активности.
Ако родителите се дебели, помали им се шансите да се обидат да ги променат прехранбените навики на своите деца. Истражувањето неодамна е објавено во Journal of the Academy of Nutrition and Dietetics.
Просечната возраст на децата кои учествувале во истражувањето била 14 години, а учествувале деца и млади луѓе од 5 до 20 години. 94 отсто од нив биле дебели, а 6 отсто со прекумерна тежина.