Родители имајте ги на ум овие шест одлуки и ќе бидете најдобри за своето дете

Од:

Не постои родител, кој на своето дата не сака да му даде повеќе и подобро, отколку што тој самиот имал. Меѓутоа распнати меѓу приватните и деловните обврски, уморот и стресот знаеме да реагираме непримерно, да ги загубиме нервите и да експлодираме. Следуваат неколку одлуки кои ќе ви помогнат да станете подобар родител:

1. На своето дете ќе му давам комплименти

За да бидеме сигурни дека детето ќе добие доволно позитивна мотивација на дневното мени на разговор секако треба да ги поместиме пофалбите. Секој родител би требал на своето дете да му даде најмалку три комплименти дневно. Мајката блогерка, Џесика Абот предлага интересен потсетник. Таа вели дека на раката треба да ставиме три стегачи. По секој комплимент извадете еден стегач, а до вечерата би требало на своето дете да му дадете најмалку три комплименти.

2. Ќе се трудам да не викам толку 

Сличен метод, како тој со стегачите, би можел да ни покаже колку често му викаме на своето дете. Пет прстени ставете на двете раце. Секој пат кога ќе му викнете на детето извадете еден прстен. Овој тест, кој можете да го правите за време на викендот ќе биде јасен знак, колку често му викате на своето дете.

3. Целосно ќе му се посветам барем 30 минути дневно

Мошне лесно во комуникацијата не попречуваат обврските, а често децата ги слушаме со половина внимание, правејќи две или три работи наеднаш. За да бидеме сигурни дека дел од денот и своето време сме му го посветиле само и исклучиво на детето потребно е да издвоите триесетина минути дневно, во кои ќе му бидете посветени сто отсто.

4. Подолго ќе го држам во прегратка

Истражувањето на The Happiest Project откри дека е потребно најмалку шест секунди прегратка за да се отпушти серотонин и окситоцин. Задржете го своето дете во прегратка малку подолго, а ефектот на опуштањето и среќа е загарантиран за двајцата. На тој начин полесно ќе се носите со сите предизвици на родителството.

5. Спуштете се на негово ниво

Иако понекогаш родителството изгледа како стратегија „ние“ против „нив“, вистинско достигнување е светот да го видите со детски очи. Успорете, брзо простете, забавувајте се, детските заповеди се оние кои треба почесто да не водат во животот.

6. Ќе земам пауза кога ми изгледа дека не можам понатаму

И на крајот, но не и помалку важно. Земете пауза. Кога ви изгледа дека ништо не ви оди од рака, дека ја губите контролата, дека сте на работ, земете пауза. Длабоко вдишете, ставете ги рацете под млаз студена вода, истуширајте се, напавете се што сметате дека ќе ви помогне малку да се приберете и да продолжите понатаму со студена глава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска