Роден е веднаш по Првата светска војна: поштарот во пензија Цане Гелевски наполни 102 години

Од:

Дедо Цане Гелевски од селото Бурилчево, општина Чешиново-Облешево, денеска го прослави 102 роденден, а поради пандемијата од Ковид-19 свеченоста се одржа само со најблиските од семејството.

Гелевски сè уште е во одлична здравствена состојба и е најстар жител во општината, и меѓу најстарите во кочанскиот регион.

– Повеќе од 40 години не сум побарал лекарска помош, не употребувам лекарства, единствено за полесно да се движам користам два бастуна. Ме мачат и видот и слухот, ама тоа е нормално за мојот век. Тутун не сум пушел, а секое утро една мала чаша ракија ми е доволна за денот да ми почне со нова енергија. Во животот имаше и убави и лоши моменти, а еден од нив е што пред пет децении ми почина сопругата, па децата сам ги одгледав и вдомив. Имам пет сина, од кои добив десетина внуци и уште толку правнуци. Задоволен сум и од нив и од снаите, ме гледаат и добро се грижат за мене, дури и торта ми подготвија, вели славеникот Гелевски.

До 85-годишна возраст живеел во скопското планинско село Дивљак, каде работел во училиштето, а како поштар им ја носел и пензијата на соселаните.

Потоа, Гелевски дошол кај синот во Бурилчево, каде животот го поминал како сточар со сопствено стадо од неколку стотини овци. Смета дека престојот во природа е една од главните причини за долговечноста, а дури и денес му помага на најмалиот син во бачилото.

Негова роденденска желба е сите луѓе да имаат добро здравје, да се чуваат од пандемијата, да ги гледа околу себе исполнети со почит и душевен мир.

Би можело да ве интересира

Обезбедени негуватели за старите лица од општина Кисела Вода

А1он

Почна вакцинирањето во домовите за стари лица низ САД

Жарко Настоски

Кинез кој годинава наполнил 100 години тврди дека долговечноста му е од алкохолот и цигарите

Жарко Настоски

Потребна е зголемена интеграција на старите лица во општеството

Ана Ололовска

Недела на грижа за стари лица

Ана Ололовска

Доделување сертификати за негувателки на стари и немоќни лица

Ана Ололовска