Обезбедени негуватели за старите лица од општина Кисела Вода

Од:

Во тек е обуката за негуватели за стари лица кои ги ангажира Општина Кисела Вода во соработка со УНДП. Преку програмата „Општинско-корисна работа“, проект „Се грижиме за возрасните”, беа избрани невработени лица кои ќе им помагаат на стари лица кои живеат сами и имаат потреба од помош во извршување на секојдневните обврски и активности, информираат денеска од Општината.

Како што појаснуваат оттаму, до крајот на мај, еднаш до два пати неделно, во времетраење од два до четири часа ќе се грижат околу одржување на хигиената во домот, набавка на прехранбени производи и лекови, придружба при посета на лекар, фризер, прошетка, плаќање сметки и други потреби кои ги имаат старите лица.

-Дополнително, ќе им биде обезбедена и психо-социјална поддршка за да се надмине чувството на страв, немоќ, немотивираност и неизвесност, кои особено се зголемени кај повозрасните во последниот период како последица на ситуацијата со КОВИД-19. Со цел да се намали нивната исклученост од социјалните контакти, онаму каде што постојат услови за тоа, ќе бидат подучени како се користи технологија за онлајн комуникација. На овој начин, тие преку користење на социјалните медиуми ќе можат да остварат виртуелни средби со семејството, пријателите и врсниците, велат од Општина Кисела Вода.

Изборот на старите лица кои ќе ја добиваат услугата, го прави Општината заедно со Здружението на пензионери-Кисела Вода, со кое беше потпишан Меморандум за соработка.
За времетраењето на обуката и работното ангажирање, негувателите ќе добиваат паричен надомест во висина од 9.000 денари, бруто износ. Средствата се обезбедени преку финансиско партнерство на локалната самоуправа со УНДП, каде УНДП учествува со 80 отсто од финансирањето.
Општина Кисела Вода, преку Секторот за локален економски развој, го спроведува овој проект во соработка со УНДП уште од 2015 година. Преку него, досега беа времено ангажирани дефектолози, негуватели, логопеди, лични и образовни асистенти.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода