Роберт Де Ниро ќе го режира мјузиклот „Приказна од Бронкс“

Од:

Роберт Де Ниро наредната година планира да го режира мјузиклот „Приказна од Бронкс“, адаптација на истоимениот филм, каде овој актер во 1993 година првпат се најде позади камерите, пренесува Фена.

Дејствието на филмот е сместена е во бурните 60-ти години од минатиот век, насред расната нетрпеливост и организираниот криминал во Њујорк.

Тоа е приказна за момче од Бронкс, кој во текот на растењето го следат две силни личности, неговиот татко и локалниот мафијаш, а првобитно настана како монодрама, која ја напиша актерот Чез Палминтери, во периодот кога не успевал да добие ниедна важна улога.

– Со оглед на тоа дека не сакаа да ми дадат никаква поголема улога, одлучив да ја напишам сам за себе, рече Палминтери, кој со претставата постигна голем успех.

Набрзо откако почна да се прикажува во Њујорк, Де Ниро ги откупи правата за филмот кој сам го режираше и каде го глумеше таткото на момчето. Улогата на мафијашот ја довери на Палминтери.

Мјузиклот Де Ниро ќе го режира заедно со Џери Закс, чиј „Guys and Dolls“ го освои Бродвеј. Музиката ќе биде потпишана од страна на Ален Менкен, повеќекратен Оскаровец, познат по тоа што правел музика за голем број филмови на Дизни, меѓу кои се „Малата сирена“, „Убавицата и ѕверот“, „Аладин“ и „Покахонтас“.

Светската премиера на мјузиклот ќе се одржи на 4 февруари следната година во театарот Пејпер Мил Плејхаус во Њу Џерси.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид