„Римац“ стана мнозински сопственик на „Бугати“

Од:

Компанијата „Римац автомобили“, основана од хрватскиот претприемач и иноватор Мате Римац, објави дека станала мнозински сопственик на „Бугати“ – познатиот француски производител на тн. хиперспортски автомобили.

Така, нов дом на „Бугати“ ќе биде кампусот „Римац“ во Хрватска. Според наводите, групацијата се поделува на две компании – „Бугати Римац“ и „Римац технологија“. Мате Римац ја објави оваа вест на Фејсбук.

– „Римац“ и „Бугати“ совршено се надополнуваат. Како млада, агилна и брзорастечка автомобилска и технолошка компанија, ја освоивме довербата на нашите партнери и сега имаме силна позиција во индустријата за електрична технологија со високи перформанси, посочува Римац.

„Бугати“ претходно беше во групацијата „Фолксваген“, која продава автомобили ширум светот и под брендовите „Бентли“, „Ламборџини“, „Ауди“, „Порше“, „Сеат“ и „Шкода“.

Римац досега лансираше две генерации свои суперавтомобили. Оваа година беше претставена најновата „Римац невера“ – електричен суперспортски автомобил кој забрзува до 100 километри на час за под две секунди. Вкупно 150 примероци ќе бидат произведени во Хрватска. „Невера“ е производна варијанта на концептниот автомобил, првпат прикажан на Меѓународниот саем за автомобили 2018 година во Женева.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on