Рибини стапчиња без риба, колбаси без месо и овошни сокови без овошје

Од:

Во Хрватска на храна се троши нешто повеќе од една третина од домашниот буџет, што е многу повеќе од просекот на Европската унија. Според податоците на месечната потрошувачка кошница, многу луѓе се хранат со индустриски производи и најчесто купуваат намирници во супермаркетите. „Like!“ одлучи да провери што всушност содржат индустриските производи кои ги јадеме. Ги прегледавме полиците на супермаркетите и најдовме неверојатни примери на јадења кои своите основни суровини, било да се работи за месо, риба или овошје, ги имаат во многу мали количини.

Експертот за прехранбена индустрија Стипан Билиќ, објасни дека ние денес јадеме 75 отсто храна која е индустриски произведена, а само 25 отсто доаѓа од земјоделските производители. Бидејќи во интерес на индустријата е што помалку да инвестираат за да добијат што поголема количина на производи, се намалува уделот на основните суровини и производот на крај е поефтин. Меѓутоа, производите од домашната индустрија во трговските ланци се со солиден квалитет и затоа кај нас речиси и да нема случаи на тровање со храна.

Состојбата во Европа смета тој, не е ништо подобра, кај некои производи дури е и полоша. Порано постоеле прописи на пример за тоа колку лешници мора да има во чоколадо со лешници за да се нарекува така, но целата европска индустрија уште одамна почнала да го менува тој систем поради скапиот процес на контрола. Сега целата контрола е препуштена на самите производители.

Експертите потенцираат дека постои разлика меѓу уделот на месо и уделот на белковини од месото. На пример, чисто свинско има 16 отсто белковини од месото, па ако на декларацијата пишува удел во белковини, нивната количина не е еднаква со количината на месото. Понатаму, во трајните сувомеснати производи нема вода и во нив уделот на месо треба да биде поголем, додека во саламите поголем дел има вода па не е чудно што уделот на месо тука е помал.

Разликата меѓу тие минималните и некои средни, оптимални нивоа на состојки во производите во некои случаи е и повеќе од очигледна. Така на пример, просечен процент на риба во рибините стапчиња кои можат да се најдат на хрватскиот пазар, се движи од 55 до 60 отсто. Меѓутоа, на полиците има и производи со бесрамно низок процент од 22 отсто.

Како што потенцира нутриционистот Весна Босанац, при купување на рибини стапчиња препорака е да се бираат квалитетни, произведени од рибини филети. Рибините стапчиња со понизок квалитет се произведени од мелена риба.

Меѓутоа, да одиме уште понатаму, рибините стапчиња од некои производители, во својот состав имаат белковини на грашок. Белковините од растително потекло, во споредба со белковините од риба, се со полош биолошки квалитет, бидејќи немаат одредени есенцијални аминокиселини. Рибините стапчиња со 22 отсто риба спаѓаат меѓу најевтините производи од овој вид, а тие најквалитетните содржат околу 70 отсто риба.

Весна Босанац ни открива дека слична е состојбата и со мисиркините медаљони кои ги купивме за потребите на истражувањето. Обично за нивното производство се користи мелено месо од мисирка, кое е со понизок квалитет во однос на мисиркините гради. Килограм мисиркини медаљони кои содржат 35 отсто мелено месо од мисирка чини 29,99 куни. Тоа значи дека килограм мисиркино месо во медаљони е околу 85 куни.

Со оглед на тоа дека килограм мисиркини гради чини околу 70 куни, се исплати да се купи чисто месо и со тоа да се добие подобар квалитет за пониска цена.

Понатаму и месото во колбаси го плаќаме многу поскапо од чистото месо. Ако купиме колбаси чија цена е 17 куни, за пакување од 400 грама, а содржат 67 отсто свинско месо, ги плаќаме околу 64 куни, што е многу повеќе од свински бут, чија цена е околу 40 круни.

На пример, крањскиот колбас треба да има процент на месо од над 85 отсто, а всушност треба да има над 90 отсто. Во нашите супермаркети можат да се најдат и производи со 67 отсто месо, кои тешко можат да го оправдаат името колбаси кое го носат.

– Знаејќи дека високопреработените месни производи содржат адитиви и не треба често да ги имаме на трпезата. Златно правило: Колку храната е помалку преработена, толку помалку содржи адитиви, вели Босанац.

Што се однесува пак до овошните сирупи, неверојатно е колку неквалитетни производи доминираат на полиците во нашите супермаркети, а запрепастувачки е колку скапо ги плаќаме, вели Босанац.

Ако погледнеме, на пример, литар сируп кој е 17 куни, има само 10 грама овошен сок, далеку повеќе се исплати да се купи овошје во неговиот природен облик. Килограм мандарини на пример се 4 куни, што значи дека парите кои сме ги потрошиле на сок со нив можеме да купиме килограм овошје.

Нутриционистката Анита Шупе е голем противник на целата индустриски произведена храна.

– Интересот на секоја индустрија е во производот да стави што помалку квалитетни суровини. Остатокот од производот се полни со вода, скроб и вештачки додатоци за засилување на вкусот, вели Шупе. Изборот на квалитетна храна во Хрватска е подобар од развиените земји во ЕУ, вели таа, само што таа храна не се наоѓа на полиците на трговските ланци, вели таа, туку кај малите производители.

Иако на прв поглед кај нив храната е поскапа, на крај таа е економски поисплатлива., Анита Шупе објаснува зошто: „Индустриските производи со вештачки адитиви за вкус го зголемуваат апетитот бидејќи во нив нема хранливи материи, па телото бара уште и на крај се трошат повеќе пари, бидејќи се купуваат производи кои се нутритивно празни, како чипс, колачи, сокови…“ – Така всушност економски е исплатливо да се јаде здраво, објаснува Анита Шупе.

Слободна Далмација – Сплит

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава