По првпат во историјата на човештвото концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата на Земјата надминала ниво од 400 промили. Податоците се на опсерваторијата на Националната управа за океанографски и атмосферски истражувања на САД, која се наоѓа на Хаваите.
Соработник на опсерваторијата појаснува дека бидејќи количеството на јаглерод диоксид во атмосферата постојано се колеба во рамки на еден час, ден, седмица, поправилно е да се зборува за најмала средна дневна концентрација.
Податоците од Хаваи и Јужниот Пол, каде што има опсерваторија, може да се сметаат за стандардни, бидејќи таму постојано се прават мерења од 1958 година.
Минатата година првпат сите арктички станици покажале концентрација од 400 единици на едне милион.
идната година или по уште една година просечниот годишен показател е можно да достигне 400 промили. Во последните години годишните податоци беа 395 единици.
Податоците од Хаваи, кои се многу оддалечени од големите индустриски центри и од половите, покажуваат дека се задржува тенденцијата кон глобално затоплување.
Последен пат толку висока концентрација на јаглерод диоксид на Земјата имало пред три до пет милиони години, во епохата на плиоценот.