Модерните мајки го „изгубија компасот“ и му нанесуваат штета на општеството третирајќи ги своите деца како „богови“, смета позната британска воспитувачка, Рејчел Вадилоу во нејзината нова книга.
Вадилоу многумина ја сметаат за „гуру“ за воспитување деца и таа им помогнала дури и на многу познати дами да излезат на крај со своите деца, а им помага и на сите родители со нејзиниот прирачник „The Baby Boоk“, кој во Британија се смета за „бибилија“ на родителството.
Вадилоу неодамна објави нова верзија на книгата во согласност со општествените промени изминатите децении.
Таа го критикува модниот тренд „врзано“ родителството, во кој бебињата спијат и јадат како под команда. Таа исто така смета дека мајките не треба да се чувствуваат виновни ако не дојат.
– Формулата не е отров. Многу луѓе хранети со шишиња пораснале во здрави луѓе, смета таа.
– Јас не го оспорувам фактот дека децата се богатство, но сега генерациите ги воспитуваме како мали богови, а тоа нема да доведе до развој на подобро општество. Го изгубивме компасот, смета Вадилоу.