Појадокот е најважниот оброк во денот. Внесувањето храна наутро дава повеќе енергија, подобро здравје и повеќе концентрација.
Појадокот е важен од повеќе аспекти:
Контрола на тежината
Појадокот го забрзува метаболизмот и дозволува вашето тело да троши повеќе калории. Ако го прескокнете, тогаш за ручек ќе внесете многу повеќе калории и многу повеќе ќе се здебелите, а тоа секако не е вашата цел.
Зголемување на енергија
Прескокнувањето на појадокот ќе ве направи да се чувствувате уморни. Со консумирање на здрав оброк наутро ќе добиете повеќе енергија и ќе можете да бидете продуктивни во текот на целиот ден.
Подобро здравје
Оние што го почнуваат утрото со обилен појадок обично прават поздрав избор на храна во текот на целиот ден и токму поради тоа што веќе појадувале, се заситиле и повеќе внимаваат на следните оброци. Сите оние кои појадуваат се многу поактивни и поредовно вежбаат.
Подобрување на концентрацијата
Не само што телото ќе добие повеќе енергија,туку и менталните способности ќе се зголемат. Со појадокот ќе ви се зголеми вниманието, меморијата и креативноста и тоа не само краткотрајно во текот на денот кога сте консумирале појадок, туку значително со текот на времето ќе се подобруваат, а вие ќе бидете изненадени од резултатите.