Редок портрет на младиот Моцарт оди на аукција

Од:

Портрет на композиторот Волфганг Амадеус Моцарт на 13-годишна возраст, ќе биде ставена на наддавање во аукциската куќа „Кристи“ во Лондон. Ова е една од ретките слики изработени додека познатиот музичар бил жив, па се очекува за неа да бидат платени меѓу 800.000 и 1,2 милиона евра.

– Обично купувачите се заинтересирани поради името на сликарот автор, но во овој случај, позанимлив е ликот на сликата, изјави Астрид Сентнер од одделот за стари дела при „Кристи“.

Се смета дека сликата „Младиот Моцарт“ е од Џамбетино Чинароли. Разногласија меѓу стручните лица има за тоа кое музичко дело се гледа на неа. Моцарт седи пред клавир, но не е јасно што е тоа што го свири во тој миг.

– Некои сметаат дека музичката творба е дело на Балдасаре Галупи, а други пак, мислат дека е на самиот Моцарт, но не е запазена до ден денешен, објасни Сентнер.

Вредно е и да се забележи дека е познато каде и како сликата е направена, како и кој ја порачал… Тоа бил даночникот од Венеција, Пјетро Луџати. Таткото на Моцарт во писмо до жена му, на 6 јануари 1770 година, ѝ пишува дека по успешен концерт на Моцарт, детето позирало за сликање.

Можно е ова да е единствениот ваков портрет што сѐ уште не се нашол во приватна колекција.

Би можело да ве интересира

Виолина од 1714 година продадена за 11,25 милиони долари

А1он

Мozzart продолжува да ги опремува институциите: Донација за ЈЗУ Св.Еразмо Охрид

Хуманитарна акција на Mozzart за крајот на годината – Донација на Здружението „Вера” од Струмица во соработка со Горан Пандев

Предраг Петровиќ

Новогодишна донација на Mozzart за среќни празници и безброј насмевки

Горан Наумовски

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Се појави Моцарт, пандан на озлогласениот Вагнер: И двете групи се именувани по композитори, но други сличности нема

А1он