Иако секое дете се развива индивидуално, сепак постојат одредени активности и зборови, кои до втората година би требало да ги совлада.
Повеќето деца прозборуваат до втората година. Нормално секое дете се развива на свој начин и со свое темпо, па така и бројот на зборовите, кои во одреден период знаат да ги кажат е различен.
Меѓутоа според сугестиите на педијатрите и логопедите, до втората година во својот вокабулар би требало да имаат 50 зборови.
На таа тема докторката Лесли Рескорл, која исто така е и професор на Брин Мавр Колеџот во Пенсилванија направила едно интересно истражување. Од 50 зборови, кои би требало да ги знаат, докторката направила листа од 25, кои мнозинството двегодишни деца најчесто ги користат:
– Мама
– Тато
– Бебе
– Млеко
– Сок
– Здраво
– Па-па
– Да
– Не
– Куќа
– Маче
– Топка
– Нос
– Око
– Банана
– Бисквит
– Автомобил
– Пец
– Благодарам
– Капење
– Чевли
– Капа
– Книга
– Уште
– Нема.