Разните камионски брендови на Волво заеднички ќе градат нови акумулатори

Од:

Волво најави дека, како дел од плановите за намалување на трошоците, ќе почне да ја споделува технологијата за развој на акумулатори за камиони преку сите свои одделенија.

Волво е вториот најголем производител на камиони во светот, и во иднина неговите подржуници како Мак во САД, шведската Сканија и УД во Јапонија ќе можат директно меѓу себе да разменуваат информации во развојот на акумулаторите.

– Кога станува збор за скапи уреди, чиј развој чини многу пари, апсолутно има логика да ги споделуваме технологиите, не само меѓу разните камионски брендови, туку и во автобускиот сектор, изјави Ларс Стенквист, директор на Волво за технолошки развој.

Потребата да се усовршат камионските акумулатори станува ургентна со појавата на првите тешки електрични камиони, што се очекува да се случи во 2020 година. Волво најави дека во 2019 година ќе почне да продава целосно електрични камиони со средна големина за превоз и собирање на отпад во Европа.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on