Разговорот меѓу Ердоган и Маск стана хит, претседателот на Турција го праша: Каде ти е сопругата?

Од:

Реџеп Таип Ердоган и Илон Маск неодамна се сретнаа во Њујорк, а нивниот разговор стана хит на социјалните мрежи.

Претседателот на Турција сосема сериозно го праша: „Каде е твојата сопруга?“, а можеше да се забележи дека на Маск му е непријатно.

„Таа е во Сан Франциско, но ние сме разделени. Најчесто јас се грижам за него (синот по име X Æ A-12)“, одговори тој.

После тоа, Ердоган му пришол на малото момче, а Маск рекол дека Х е малку срамежлив. После тоа му ја даде топката.

„Ердоган очигледно е обожавател на Грајмс“, „Ми се допаѓа што се гледа дека Ердоган го осудува Маск“, „Претседателот на Турција се надеваше да се сретне со пејачката“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

@vicenews Elon Musk had an uncomfortable-looking meeting with Turkey’s President Recep Tayyip Erdoğan in New York. The two met to discuss building a new Tesla factory in Turkey and using SpaceX technology. #elonmusk #tesla #turkey #turkiye #receptayyiperdoğan #spacex #starlink ♬ original sound – VICE News

Маск и Грајмс имаат уште две деца – едногодишната ќерка Ексу Дарк Сидерел, чиј прекар е Y, и синот Техно Механикус. Славниот пар раскина само неколку часа по веста дека ја добиле Y.

“Е и јас повторно раскинавме по објавувањето на оваа статија. Сепак, тој е мојот најдобар пријател и љубовта на мојот живот. Мојот живот и уметноста што ја создавам сега се посветени на мисијата”, објави Грајмс на својот профил на Твитер.

Неодамна беше објавено дека го добиле Техно, кого го довикуваат со прекарот Тау. Се уште не се знае точно кога е роден.

Би можело да ве интересира

SpaceX на Маск ја лансираше најмоќната ракета на светот, таа беше изгубена пред крајот на летот

Горан Наумовски

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Маск им одговара на огласувачите: „Еб*те се”

Предраг Петровиќ

Маск најави тестирање на мозочен чип на луѓе, тестирањето ќе започне за шест месеци

Горан Наумовски

Маск најави големи промени на Твитер: „Болно, но неопходно“

Ана Ололовска

Маск го распушти Управниот одбор на Твитер