„Разгалено детиште” велат чуварите за Асанж

Од:

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, бил гостин со лоши навики, кој ги напаѓал чуварите во амбасадата на Лондон во Еквадор, изјави претседателот Ленин Морено.

“Не можете да пристигнете во куќа што ви дава засолниште, што ви дава храна и се грижи за вас, и да го погазите сопственикот на куќата”, рече Морено.

“Ние го отстранивме азилот за ова детиште, за среќа, и се ослободивме од трн”.

Асанж, кој го нарекуваа “гостин” или “Ел Џули” сакаше да спие и иако не му беше дозволено да ја напушти зградата на амбасадата, имаше многу славни посетители, меѓу кои и Лејди Гага, Јоко Оно и нејзиниот син Шон Ленон, како и модниот дизајнер Вивиен Вествуд, изјавија чуварите на Асанж во амбасадата, за шпанскиот весник El Pais.

Чуварите го коментирале неговото ексцентрично однесување. Велат, често носел само долна облека.

Дека Асанж бил лош гостин, говори и фактот дека ги вознемирувал вработените, не пуштал вода во тоалетот, возел скејтборд по ходниците на амбасадата, слушал гласна музика.

Вработените во амбасадата се жалеле и на лошата хигиена на Асанж.

Еден висок еквадорски претставник ја опишал собата на Асанж како “суверена територија на една суверена територија” и ниту еден од вработените не можел да влезе.

Адвокатите на Асанж не ги коментираат ваквите изјави.

Би можело да ве интересира

Британскиот суд денеска ја носи конечната одлука за Асанж

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори