Работник во перална уништи „Ферари“ на фудбалерот Маркети вредно 300.000 евра

Од:

Непријатно изненадување го чекало голманот на Џенова и некогашен италијански репрезентативец, Федерико Маркети, кога неодамна дошол да си ја земе колата од перење во една перална во градот.

Работник во пералната, кој требало да го премести „Ферарито“ на Маркети, ја загубил контролата врз автомобилот Ферари 812 Суперфаст, вреден околу 300.000 евра и се забил во банкина, притоа потполно уништувајќи го.

Фудбалерот рече дека не се налутил поради инцидентот.

„Многу ми е жал за тоа што се случи. Најважно е тоа што никој не е повреден. Верувам дека постојат некои работи во животот што се поважни од некои други,“ напиша Маркети на Инстаграм.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on