Жените кои работат во ноќна смена имаат дури за 80 отсто помала шанса да забременат, тврди ново истражување на Универзитетот во Саутхемптон.
Нередовното спиење и ноќната работа носат ризик од спонтани абортуси, нередовни мензиси и проблем со плодноста. Работничките во ноќна смена се во најголем број случаи меѓу онаа група на жени кои се обидуваат да забременат дури повеќе од една година.
Истражувањето на примерок од 100.000 жени покажало дека секоја работа што не подразбира регуларни дневни смени носи со себе ризик од нарушувања на менструалните циклуси за пет отсто. Кога станува збор за спонтани абортуси, тогаш тие се за една третина почести отколкукај жените кои работат дневна смена.
Доктор Линден Стокер изјави дека причина за тоа може да биде нарушувањето на производството на хормони, температурата на телото, крвниот притисок и бројот на отчукувањата на срцето. Меѓутоа, Стокер смета дека не треба да се исклучат и останатите фактори, како што е нередовна и нездрава исхрана во ноќните часови.