Рускиот претседател Владимир Путин, кога не ги извршува своите работни обврски во Кремљ, често прифаќа разни предизвици, како нуркање на големи длабочини во Црното Море или летање со параглајдер.
Последен во таа низи придизвици и скок од височина во вода.
Имено, група љубители на екстремните споротви од Крим, кои скокаат во вода од големи височини, го повикаа Путин да присуствува на отворањето на нивната школа за скокање.
Запрашан дали би прифатил да скока од голема височина, Путин покажа воздржаност околу максималната висина од која би скокнал.
– Би можел да скокнам од три метри, пет или седум, но не и од поголема височина, изјави Путин.
Скоковите во вода од височина вообичаено се изведуваат од платформи високи 20 метри.