Пушењето марихуана го зголемува ризикот од рак на тестисите

Од:

Младите мажи коишто повремено пушат марихуана имаат двојно поголеми изгледи да добијат рак на тестисите во однос на мажите кои никогаш не консумирале марихуана, покажа едно американско истражување.

Научниците чиешто истражување е објавено во специјализираниот магазин Cancer, утврдиле дека поврзаноста е со одреден вид рак на тестисите – несеминоматозниот карцином на оплодните станици кај тестисите.

„Ова е трето истражување коешто покажува повеќе од двоен ризик за оваа особено непосакуван вид рак на тестисите меѓу младите мажи коишто уживаат марихуана”, изјави Викторија Кортезис од јужнокалифорнискиот универзитет од Лос Анџелес која раководела со истражувањето.

Додава дека зачестеноста на ракот на тестисите необјасниво се зголемува во последните сто години.

Според податоците на Американското здружение за борба против ракот секој 270-ти Американец може да заболе од оваа болест, а поради добрите методи за лекување болеста е високо излечива и само секој петилјадити може да почине од неа.

Не се знае што го предизвикува ракот на тестисите, но забележано е дека фактори на ризикот се неспуштањето на тестисите во скротумот до крајот на првата година на живото, како и изложеноста на пестициди и хормони.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска