Првото полуфинале од Евровизија

Од:

Изборот за „Песна на Евровизија“ на кој ќе настапат претставници од 18 земји, ќе се одржи вечерва во Кристалната сала во азербејџанскиот главен град Баку.

Првата натпреварувачка вечер ќе се претстават изведувачите од Црна Гора, Исланд, Грција, Летонија, Албанија, Романија, Швајцарија, Белгија, Финска, Израел, Сан Марино, Кипар, Данска, Русија, Унгарија, Австрија, Молдавија и Ирска.

Десетте финалисти ќе ги избере публиката и жиријата од земјите учеснички во првата полуфинална вечер, како и публиката и жиријата од Азербејџан, Италија и Шпанија.

Во втората полуфинална вечер, на 24 мај, ќе настапат претставниците на Србија, Македонија, Холандија, Малта, Белорусија, Португалија, Украина, Бугарија, Словенија, Хрватска, Шведска, Грузија, Турција, Естонија, Словачка, Норвешка, БиХ и Литванија.

Изборот за песна на Европа годинава се одржува по 57 – ми пат.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија