Првата година со бебе: По породувањето самодовербата на мајката драстично се намалува

Од:

Секој искусен родител ќе ви каже дека родителството е нешто најдоро што им се случува во животот и дека уживаат во таа улога, но голем број новопечени мајки не се согласуваат со тоа. Исцрпеност, замор и осаменост се зборовите, кои најчесто ги опишуваат првите месеци од мајчинството.

Едно ново истражување покажа дека првата година од родителството е многу исцрпувачка за голем број мајки и физички и психички. Дури 65 отсто од анкетираните мајки, првите 12 месеци од грижата за детето ги опишуваат како „многу стресни“.

Половина од нив изјавиле дека негативните аспекти на родителството, како што се неспиење, збунетост, стрес и хаос ги засенуваат позитивните работи.

Студијата исто така покажа дека обично околу 11. месеци од животот на бебето, мајките стекнуваат повеќе самодоверба и се повеќе позитивните аспекти на мајчинството доаѓаат до израз.

Оваа студија открива дека голем број мајки по породувањето доживуваат драстичен пад на самодовербата, затоа наеднаш сфаќаат дека немаат поим што прават и што би требало да прават.

Половина од испитаниците признале дека им значи помошта и објаснување зошто бебето плаче, додека од 43 отсто од нив изјавиле дека би им било полесно некој да ги советува како да се справат со ненаспаните ноќи.

Студијата покажа дека една третина од мајките се збунети кога детето е болно и дека не знаат што точно треба да прават и како да го негуваат детето.

Некои мајки бараат некој вид обука – како да му помогнат на детето да стекне одреден дневен распоред, како да ги усогласат работите во домот и грижата околу детето или како да се носат со големиот број на обврски.

На прашањето што најмногу им недостига од периодот додека не станале мајки, 55 отсто од жените одговориле „социјалниот живот“,  а 35 отсто од нив се определиле за „работата“, додека половината од нив за нивното „старо тело“.

Резултатите покажаа дека доаѓањето на нов член во семејството влијае и на семејните и пријателските врски и дека покрај големите промени, голем број жени сепак успеваат да ги задржат своите стари хоби и интереси.

Педесет и два отсто изјавиле дека по породувањето имале чувство дека го „изгубиле сопствениот идентитет“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска