На 11 и 12 ноември ќе се одржи првиот Скопски вински салон – Винодонија 2016.
Саемот го организираат група вински консултанти, судии и ентузијасти, под покровителство на Здружението на сомелиери на Република Македонија.
Едукација на угостителско-туристичкиот персонал за виното и неговата магија е една од суштинските цели на Здружението на сомелиери на Македонија, која подоцна тие би ја пренеле на своите гости, а е со цел за попрофесионално и попрофитно работење.
По повод првиот Скопски вински салон – Винодонија 2016 во хотелот Мериот ќе се одржи прес-конференција, на кој ќе се обратат Звонко Херцег, директор на Скопски вински салон – Винодонија 2016, Ивана Симјановска и Александар Вучковски.