Проверете дали вашето дете е натпросечно интелегентно

Од:

Научниците сметаат дека натпросечната интелегенција се открива само кај три до пет отсто од надарените деца, иако веќе на три години покажуваат недвосмислени знаци, кои родителите би требало да ги препознаат.

Имено мошне важно е родителите на време да увидат дали нивното дете поседува натпросечна интелегенција, со цел да му помогнат да го избегне трновитиот и хаотичниот животен пат, по кој често пати поминуваат неоткриените генијалци.

Бидејќи навистина не е лесно кога чувствувате дека сте поинакви од своите врсници, а не знаете зошто?

Затоа доколку забележите дека вашиот осумгодишник резонира како да има десет или повеќе години, како од шега решава математички проблеми, наменети за постари деца, по се изгледа дека детето е вундеркинд. Тоа дете мошне рано и лесно учи да зборува и речникот му е необично богат.

Кога ќе тргне на училиште, воглавно на часовите се досадува, прави неред или се повлекува во себе, бидејќи брзо сфаќа се што учителката предава. Тоа за жал не значи дека детето успешно ќе го заврши школувањето.

Малите генијалци ретко покажуваат заинтересираност за она што го сакаат повеќето нивни врсници, повеќе сакаат да се дружат со постари, мошне се проникливи и остроумни за својата возраст, со задоволство изнесуваат мислење за лицата од нивното опкружување, но тешко склопуваат пријателства и мошне ги погодува секоја неправда.

Надареното дете често пати поставува поремногу сериозни и збунувачки прашања за животот.

Доколку кај своето дете сте ги забележале овие особини, задолжително посоветувај те се со детски психолог. Ако психолошкото тестирање открие дека неговиот IQ надминува 125 во споредба со сто, колку што во просек изнесува кај неговите врсници, повеќе нема никакви сомневања и родителите би требало да му помогнат полесно да ја поднесе различноста од околината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска