„Протече“ крајот на Game of Thrones

Од:

Едноминутен „осврт“ на последните две епизоди од Game of Thrones протече на интернет и ако е веродостоен, според коментарите потоа, илјадници обожаватели ќе бидат разочарани.

Видеото набргу беше отстрането. Сепак, оние што го виделе освртот пред да биде тргнат од интернет, веќе објавуваат негативни коментари за серијата.

– Пари колку сакате, актерска постава на столетието и моќна ТВ-мрежа зад вас… И, вие сепак успеавте да ја упропастите најдобрата серија во историјата. Какво достигнување! А и оние протекувања за крајот на серијата! Каков распад, коментира една обожавателка на Твитер.

Светските медиуми наголемо пишуваат за тоа како, наводно, ќе заврши серијата, но од почит кон оние што просто не сакаат да го дознаат крајот, за тоа во друга прилика.

Би можело да ве интересира

„House of the Dragon“ се враќа следната година, а ќе се чека на втората сезона на „The Last of Us“

Предраг Петровиќ

Писателот на Game of Thrones потпиша петгодишен договор со HBO

Ана Ололовска

„Game of Thrones“ се преточува во театарска претстава

Катерина Ѓуровски

Софи Тарнер си го зеде престолот од Game of Thrones

Ана Ололовска

Претпродолжението на „Game of Thrones“ како нова серија на HBO

Ана Ололовска

ВИДЕО: Питер Динклиџ ја доби четвртата, рекордна „Еми“ статуетка за машка споредна улога

Ана Ололовска