Промовирана „Корени во ветерот-Враќање во Стамбол“ од Матеја Матевски

Од:

Стихозбирката „Корени во ветерот-Враќање во Стамбол“ од современиот македонски поет Матеја Матевски денеска беше промовирана во Скопје.

Книгата, според поетот, академик Матевски, ја заокружува неговата интима за родниот град Истанбул, и приказните што ги слушал од неговите родители, роднини и пријатели.

– Мотив за книгата е она што живее во мене, во мојата интима, од моето осознавање од раното детство за Истанбул кое го доживувам како еден митски поим. Дури подоцна во возраста ја идентификував реалноста од соништата и туѓата меморија од кажувањата од постарите, роднините, Реканците, на сета судбина на овие народи што оделе во туѓина, а некој од нив се враќале или не се враќале, рече Матевски.

Промоторот на најновото книжевно остварување на бардот на македонската поезија беше Иван Џепаровски рече дека во стихозбирката доминира враќањето на Матевски во детството, детските игри, враќањето на потеклото и на изворите.

– Тоа е приказна за потеклото на нашата татковина од нејзината загледаност кон Истанбул, кон величината и цивилизциите кои минувале низ нашите простори. Книгата претставува едно навраќање и заокружување на се она што тој создаваше во поезијата, нагласи Џепаровски.

Неговото членство во прочуени академии во светот и големите поетски книжевни награди, спроед Џепаровски, зборуваат дека поезијата на Матеја Матевски е високо вреднувана во светски рамки. За тоа сведочи и фактот што тој е повеќегодишен кандидат за Нобелова награда за литература, а доделени му се и многу поетски признанија во земјава и странство меѓу кои и минатогодишниот „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.

„Корени во ветерот-Враќање во Стамбол“ е 20-та стихозбирка на Матевски, а има објавено и 60 книги со критики театарски, книжевни и есеистички дела, над 50 подготвдени преводи и антологии на светската поезија.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје