Промени на Евровизија – се воведува онлајн гласање

Од:

Европската радиодифузна унија соопшти дека од следниот „Песна на Евровизија“ ќе се менуваат правилата за гласање на натпреварот. Главна новина е воведувањето на онлајн гласањето, но и тоа што во полуфиналето гласа само публиката.

Главната промена се однесува на полуфиналните вечери. Имено, од следната година десетте најдобри песни ќе се избираат исклучиво врз основа на гласовите на публиката, наместо претходното комбинирано гласање на гледачи и стручно жири, кое беше воведено во 2009 година. Дополнително, за прв пат во историјата на натпреварот ќе биде овозможено и онлајн гласање за гледачите во земјите кои не учествуваат на Евровизија.

Нивните гласови ќе бидат преброени и ќе бидат претставени како гласови на една земја и во полуфиналето и во финалето. Гледачите во земјите кои не учествуваат ќе можат да гласаат преку онлајн платформа, користејќи ја нивната платежна картичка, за која ЕБУ вели дека е безбедна платформа.

Членови на стручни жирија од сите земји учеснички ќе ги оценуваат песните во финалето на „Песна на Евровизија“.

Следната година Евросонг ќе се одржи во Велика Британија, која ја презеде организацијата на натпреварот наместо годинешниот победник Украина, поради безбедносната ситуација во таа земја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холанѓанецот под истрага на ЕБУ зошто удрил член на израелската делегација на Евровизија

Предраг Петровиќ

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ